„Светците“ не завршиле со засилување на тимот, Ле Паризиен попладнево објави дека ПСЖ сака да ја зголеми конкуренцијата во офанзивниот дел и да донесе две нови имиња.
На листата со желби се Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт и Бредли Баркола од Лион.
Шампионот на Франција е подготвен да потроши 100 милиони евра, односно 80 милиони евра за Коло Муани, и 20 милиони евра за Бредли Баркола.
Двајцата играчи веќе дале согласност за преселба во Париз.