вторник, 8 октомври 2024

За епскиот криминал во РЕК Битола некој ќе одговара, рече Мицкоски

Претседателот и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ денеска во одвоени изјави најавија дека откако нивната партија ќе дојде на власт за очигледниот криминал во РЕК Битола некој ќе одговара. Се подготвува епски криминал на бегање, повеќе од 140 милиони евра тендери се подготвуваат во РЕК Битола, околу 6 милијарди денари за увоз на јаглен и околу 3 милијарди денари со вклучен ДДВ за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Однапред ќе ви кажам дека тие две јавни набавки ќе ги добијат фирми кои ги знаете и кои се омилени фирми на неколкумина од власта, предводени од ДУИ и СДС. Власта на бегање ќе распише тендер за набавка и увоз на јаглен од 6 милијарди денари, 100 милиони евра, и ќе доделат тендер за ископ на јаглен и јаловина на омилената фирма на еден конзул на една источна земја. Бидејќи се европски фронт, не им смета да доделуваат вакви јавни набавки на конзули на источни земји кои имаат санкции од ЕУ во вредност од 40 милиони евра или со се ДДВ близу 50 милиони евра. Апелирам до луѓето кои се во ЕЛЕМ, до генералниот директор и вработените и во рудникот и во термоелектраната, дека за неколку месеци лично ќе се занимавам со овие две јавни набавки и ветувам дека секој кој ќе стави потпис на оваа јавна набавка ќе биде изведен пред лицето на правдата и ќе одговара за тоа што го пљачка народот за да ги полни џебовите на малкумина кои се спремаат да бегаат после 8 мај“, рече денеска Мицкоки во Кавадарци.

Во Битола денеска присуствуваше Ѓорѓија Сајкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кој изјави дека за власта РЕК Битола веќе две години е златна кокошка преку нивната фирма Марковски на чија сметка се префрлени 200 милиони евра, народни пари.

„Мора и ќе има одговорност. Наместо да се изградат градинки, да имаме нови училишта, подобра инфраструктура, ние денеска имаме средства до 200 милиони евра префрлени во џебот на фирмата Марковски и негови блиски соработници. Сакам да потенцирам власта во заминување пакувајќи ги куферите сака да направи што поголема штета и врз институциите, меѓутоа и врз буџетот на Република Македонија. Тоа ќе биде спречено, граѓаните се свесни и подготвени за смена на власта, меѓутоа треба оние кои што ја практикуваат власта во моментот да се свесни да не прават злоупотреби кои носат долгорочни штети во државата и граѓаните“, изјави Сајкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ