До утрово, според извештаите што се стигнати во ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште еден – во Општина Македонски Брод, во пределот кај с.Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума).
Изминатото деноноќие 29-те пожари биле во следниве општините Шуто Оризари, Студеничани, Зелениково, Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Илинден, Прилеп, Босилово, Гевгелија, Радовиш, Кичево, Чашка, Неготино, Карбинци, Куманово, Старо Нагоричане, Тетово и Гостивар.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов апелираше да не се палат стрништа, а ресурсите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и на Министерството за внатрешни работи (МВР) разумно да се користат.