вторник, 8 октомври 2024

За една недела 57 нови случаи на заразени со ковид, четворица од нив починале

Во периодот од 9 до 15 септември во земјава се регистрирани 57 нови случаи на заразени со корона вирус, пријавени се четири починати лица, две во Скопје и по еден во Битола и Тетово, сите над 70-годишна возраст и невакцинирани, се посочува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Основната причина за смртта на починатите била хроничната болест која ја имале, а ковид-19 бил само придружна состојба која го забрзала настапувањето на смртта.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Од 9 до 15 септември тестирани се вкупно 285 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на ковид 19, со намалување од 36,5 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 57 нови позитивни случаи, со намалување од 48,6 отсто во однос на минатата недела.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од осум градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, a највисока инциденца е регистрирана во Делчево.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години.

Во текот на минатата недела, пријавени се четири починати лица, две од Скопје и по еден од Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години. Тројца починале во болнички услови, а кај три лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се невакцинирани против ковид 19.

Во текот на 2024 година, а заклучно со 15 септември 2024, во земјава се регистрирани вкупно 1.560 заболени и 20 починати лица заразени со ковид 19.

Од појавата на првиот случај на ковид19 на 26 февруари 2020 година пријавени се вкупно 351.876 заболени и 9.999 починати лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ