„Синоќа секој Албанец и секој достоинствен граѓанин во оваа држава се почувствува навреден, понижен и предаден. Во чин што ја надминува секоја морална и политичка логика, во зградата што треба да го симболизира Охридскиот договор и меѓуетничката хармонија, беше примен Мирослав Додик – продолжената рака на Владимир Путин, човекот кој работи на поделбата на Босна и Херцеговина и човекот кој го велича нехуманиот масакр во Сребреница. Како е можно човек изолиран од демократскиот свет, кој сее поделби и омраза, да биде официјално пречекан од Влада која тврди дека ги застапува евроатлантските вредности и меѓуетничкиот мир? Каква порака испраќа оваа влада до албанските граѓани, до семејствата на жртвите од геноцидот, до оние кои сè уште веруваат во правда и достоинство? Овој чин е сериозен удар за Охридскиот договор. Присуството на Додик е шлаканица за жртвите од Сребреница, за Албанците и за секој граѓанин кој верува во слобода и еднаквост. Тоа е порака која покажува дека оваа власт освен што нема легитимитет, изгуби и секакво чувство за почит кон нашата историја и жртви. Ова е денот кога сите се чувствувавме навредени. Денес сите се срамиме. И денес сите сфативме дека оваа влада ја помина секоја црвена линија. Овој срам никогаш не треба да се заборави“, соопшто ДУИ.
За претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански Светосавскиот собир во Скопје со учество на патријархот на СПЦ како и политичка елита од српскиот свет меѓу кои има и од црната листа на САД за ТМРО е не само провокација за македонскиот народ, провокација за НАТО чија членка е Македонија , туку и сценарио за префлање на тензиите од Србија во нашата држава.