петок, 13 декември 2024

Вучиќ за несреќата во Нови Сад: Апсолутно секој документ да ѝ биде достапен на јавноста

Претседателот на Србија Александар Вучич изјави денес дека „апсолутно секој“ документ во врска со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад треба да ѝ биде достапен на јавноста.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ кажа дека е важно да биде „јасно, транспарентно и прецизно“ објаснето што се причините за уривањето на натстрешницата на таа станица минатиот петок при што настрадаа 14 лица, а три се тешко повредени.

„Прочитав 1.000 страници, но не знам што би кажал. Нешто не смеете законски да го објавите поради другата договорна страна, но сè апсолутно треба да се стави на увид на јавноста. Сигурен сум дека обвинителството и судовите подоцна ќе можат и ќе мораат да го дадат вистинскиот одговор“, кажа Вучиќ во Будимпешта.

Оцени дека во врска со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад „немало никаква корупција“.

„Каде и да имало корупција, а сме можеле да ја откриеме, би бил среќен одговорните веднаш да одат во затвор“, кажа тој.

Вучиќ кажа дека очекува политичка одговорност „од уште некои луѓе“ за несреќата, но оцени дека најважна е кривичната одговорност „на оние кои би можеле да сносат вина за тоа што се случи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ