среда, 15 јануари 2025

Вучиќ за нападот во училиштето во Загреб: Длабоко сум потресен

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати денес сочувство на родители на седумгодишното дете убиено во загрепското основно училиште и на граѓаните на Хрватска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Длабоко ме потресе веста за страшниот напад во основното училиште во Загреб. Во овие тешки и болни моменти нашите мисли се со семејствата на настраданите, сите повредени, како и со граѓаните на Хрватска“, објави Вучиќ на официјалниот профил на социјалната мрежа Икс.

„Република Србија изразува најискрено сочувство и поддршка во оваа трагедија“, порача тој.

Министерката за здравство на Хрватска Ирена Хрстиќ соопшти претходно денес дека во нападот на основното училиште Пречко во Загреб утринава е убиено седумгодишно дете, а пет лица се повредени, од кои три деца и двајца возрасни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ