вторник, 15 октомври 2024

Вучиќ: Време е за формирање големо движење за народот и државата

Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени вечерва дека дошло време за формирање „големо движење за народот и државата“, чие формирање го најавуваше повеќе пати во текот на минатата година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Време е за формирање големо движење за народот и државата кое ќе има сила да го забрза економскиот раст на Србија и ќе ги одбрани нашите национални и државни интереси“, објави Вучиќ на Инстаграм, испишано на фотографија преку српското знаме.

Вучиќ формирањето на движењето го најави повеќе пати во текот на 2023 година, но тоа повеќе пати беше одложено, иако во мај поднесе оставка на местото претседател на Српската напредна партија (СНС).

Идејата на движењето, како што зборуваше Вучиќ претходно, е на едно место да собере повеќе партии, вклучувајќи ги Српската напредна партија, Социјалистичката партија на Србија, како и движења, здруженија и бројни значајни поединци.

Првата идеја беше движењето да биде формирано на Видовден (28 јуни 2023 година), новата најава на Вучиќ доаѓа пред Денот на државноста на Србија на 15 февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ