четврток, 12 декември 2024

Вучиќ се закани дека ќе се „поздрави“ со своите милионери

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на состанокот на Главниот комитет на Српската напредна партија (СНС) изјави дека е време партијата да се „поздрави“ со некои членови и со оние на кои „сѐ им е дадено“, кои, како што вели, му работат зад грб и „стануваат најголеми непријатели, бидејќи не им даваш сѐ што ќе посакаат“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Форбс Србија претходно издвои 11 од оние што најмногу заработиле од блиските врски со актуелната влада.

„Време е ние фино да ги отвориме картите. Тоа од март до јуни со таа реконструкција да им се заблагодариме на сите што на телевизија објаснуваат – да, ние го почитуваме претседателот Вучиќ, затоа што знаат дека така добиваат гласови, а зад грб ги повикуваат сите наши противници да им кажат – па вие знаете дека тоа не сме ние, тоа Вучиќ го направи, тоа Вучиќ го нареди и така натаму. Не нѐ чепкајте нас, не нѐ напаѓајте нас, туку него“, рече Вучиќ и им порача на присутните функционери на СНС дека тоа го прават и некои од нив.

Според Н1, тој претходно рече дека најголеми непријатели станале оние на кои им е дадено сѐ.

„Ти на кои им дадовме сè, ти на кои им направивме сè. 10 пати му даваш сè, а 11-тиот пат не му даваш, затоа што е невозможно 11 пати да му дадеш сè што ќе посака, и тој ти станува најголем непријател, затоа што сето тоа го заслужува, затоа што нему му припаѓа. За нас обичните луѓе, обичниот свет, на кои ништо не им дадовме, освен што им дадовме можност да можат да живеат од својата работа, да можат да живеат во подобра Србија, да имаат подобри патишта, подобри училишта, подобри болници, подобри клинички центри отколку што имаа претходно, се оние на кои треба да им се посветиме“, рече Вучиќ, порачувајќи им на партиските функционери дека со нив треба да се разговара.

Форбс претходно состави листа од 11 луѓе чиј најголем дел од приходите се должи на силните врски со актуелните власти и благодарение на работните места што поради тие врски ги добиваат од државата и нејзините компании. Тие се „новата српска елита“, која поседува најмалку 140 фирми регистрирани во Србија и во странство, според Форбс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ