Вучиќ на Инстаграм кажа дека за време на разговорот со Путин, прв по две и пол години, „изразил надеж дека Србија нема да ѝ воведува санкции на Руската Федерација“.
„Имавме добар, отворен, долг и исполнет разговор. Разменивме мислења за сите важни билатерални прашања но и за економските, и му се заблагодарив на Путин што обезбеди доволни количества гас за Србија по многу поволни цени за оваа зима“, кажа претседателот на Србија.
Вучиќ кажа дека искажал и благодарност за поддршката која Русија ги пружа на напорите на Србија во Обединетите нации и поддршката на територијалниот интегритет.
Претседателот на Србија претходно наведе дека најдоцна до 21 октомври ќе ја извести јавноста дали ќе ја прифати поканата на Путин да учествува на самитот на членките на БРИКС кој ќе се одржи од 22 до 24 октомври во Казањ.