вторник, 15 октомври 2024

Вучиќ: Курти сака да го победи Ахмети и да владее со Македонија

Косовскиот премиер Албин Курти сака да владее и во Македонија, изјави за српските медиуми во Њујорк српскиот претседател Александар Вучиќ. Намерата на косовскиот премиер е да го победи Али Ахмети и ДУИ и по парламентарните избори во мај да биде дел од власта во земјава, рече Вучиќ.

Објавено на

часот

Сподели

„Тој сака да владее и со Северна Македонија. Да сериозно, сака да го победи Али Ахмети и ДУИ за да владее во Македонија после мајските избори“, рече Вучиќ.

Лани во декември трите опозициски партии на Албанците во Македонија најавија дека нивен четврти партнер ќе биде партијата Самоопределување на Албин Курти. Вчера за време на престојот на косовскиот премиер во Скопје, косовските медиуми информираа дека Курти добил многу  закани од „поединци и структури кои имаат корени во официјален Белград“ и дека врз него се подготвувал атентат од „српско-македонски екстремисти блиски до Руската Федерација, но под контрола на српските институции“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ