четврток, 27 февруари 2025

Вучиќ: Ќе ги поддржуваме институцијата претседател на РС и Додик

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој вечерва во Бања Лука се сретна со претседателот на Република Српска Милорад Додик, кажа дека е таму за да им пружи поддршка на сите Срби во тој ентитет на Босна и Херцеговина, да им каже дека Србија е со нив, не загрозувајќи никого.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес е тежок ден, да бидам попрецизен тежок ден за целиот српски народ. Ни солат памет кој би требало и како да владее, а денес е донесена пресуда во бесмислен процес против претседателот на република Српска, за нешто што не можете да го наречете ни вербален деликт“, истакна Вучиќ на заедничката конференција за новинари со Додик.

Судот на Босна и Херцеговина го прогласи Додик за виновен и го осуди на една година затвор и шест години забрана за политичко дејствување по обвинението за непочитување на одлуките на Кристијан Шмит. Станува збор за првостепена пресуда на која има можност за жалба. Додик по изрекувањето на пресудата истакна дека „од денес ја нема повеќе БиХ каква што е замислена“. Во истиот процес, вршителот на должноста директор на Службениот весник на РС Милош Лукиќ е ослободен од обвинувањата.

Вучиќ смета дека пресудата е насочена против Република Српска и српскиот народ во целост, пренесува РТРС. Истакна дека е потребен дијалог.

„Денес реалноста е сосема поинаква, денес сè е изменето, и во српскиот народ и кај припадниците на сите народи, и тоа не е лесно да се надмине. Му ги пренесов на Додик заклучоците на нашиот Совет за безбедност. Ќе го поканиме Додик да им се обрати на пратениците во нашето собрание, а ќе разговараме и за тоа дали има потреба да се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации“, кажа Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ