понеделник, 7 октомври 2024

Вучиќ: Ќе ги чуваме односите со Европа, но нема да ги газиме своите односи со Русија и Кина

Претседателот на Србија Александар Вучиќ порача дека Србија ќе продолжи да ја води својата политика и дека ќе ги чува односите со Европа, но дека нема да ги гази своите односи ни со Русија, ни со Кина, ниту со кого било друг, како и дека Србија нема намера никого да напаѓа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес од една соседна држава се слушна дека доколку некој го нападне Косово, а не знам кој би го нападнал Косово и како тоа изгледа, дека Албанија тоа нема да го дозволи и ќе биде на таа страна. По таква морничава изјава можевте да слушнете само гласно молчење, толку гласно дури непријатно, никој збор не кажа на таа изјава“, кажа Вучиќ.

Замислете некој од нас тоа да го кажеше, додаде српскиот претседател.

„Ќе слушневте не само грмотевици, пцовки, навреди, највалкани кампањи од секаде, од целиот свет, самиот Бог знае дека во некој момент ако затреба и грмење на топови, авиони, само за таквите, веќе добро и наголемо посочените Срби еднаш засекогаш се замолчат“, наведе Вучиќ.

Истакна дека што се однесува до Србија, немаат потреба да напаѓаат кого било.

„И нема да напаѓаме никого. Нам ни е потребна Европа, не секогаш нејзините лицемерие и дволичност, туку потребна ни е, не можеме без неа. но исто така, кога нè убедуваат дека можеме и без некои кои не ни земале земја, ние ќе кажеме – ние сме Срби, имаме и срце и душа“, порача српскиот претседател.

„Па сепак ќе ја водиме својата политика, ќе ги чуваме односите со Европа, но нема да ги газиме своите односи ни со Русија, ни со Кина, ни со кого било друг со кого вие ни командувате тоа да го направиме“, истакна Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ