недела, 16 март 2025

Вучиќ: Имав добар и суштински разговор со Путин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска имал „добар“, „суштински“ и „одличен може да се каже“ разговор со претседателот на Русија Владимир Путин за меѓудржавната соработка, пренесува агенцијата Бета.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во изјавата на платформата Инстаграм, Вучиќ како „прашања кои се исклучително важни за Србија“ ги издвои дека рекле дека до 31 мај треба да се склучи нов гасен аранжман и да се реши прашањето за српската нафтена индустрија, која е загрозена од американските санкции.

Тој изјави дека го информирал Путин „за загриженоста на луѓето во Србија за обидот за обоена револуција“ и му се заблагодарил што руските официјални лица не ја поддржуваат „обоената револуција“.

„Имаше прецизен став, добро гледа што се случува и ќе продолжи да ги поддржува легалните и легитимно избраните власти во Србија“, изјави за ова Вучиќ.

Едно од важните прашања за кои разговарале телефонски е ситуацијата во регионот, рече Вучиќ и изјави дека на Путин му ја пренел пораката на претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Путин „добро ја разбира ситуацијата во регионот, ги гледа обидите и потезите на високиот претставник во Босна и Херцеговина, ги разбира со само една цел, а тоа е да го соборат Милорад Додик“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека „Руската Федерација секогаш го поддржувала Дејтонскиот мировен договор и секако Република Српска“.

Вучиќ истакна дека му е „особено важно и особена чест“ да го потврди доаѓањето на делегацијата што ќе ја предводи во Москва на 9 мај, по повод 80-годишнината од победата над фашизмот, каде што „со гордост ќе ја претставува Србија на Црвениот плоштад“.

Тој додаде дека со Путин разговарале и за закрепнување на трговската размена и за подобрување на економската соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ