недела, 10 ноември 2024

„Вучиќ има две задачи – да ѝ обезбеди литиум на Европа и да го предаде Косово“

Даница Поповиќ, професорка на Економскиот факултет во Белград во пензија и авторка на анализата на исплатливоста на проектот на Рио Тинто во Србија, оцени дека по жител на Србија годишната заработка од ископувањето литиум би била 2,6 евра.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Врз основа на економската и финансиската анализа, како и поради многуте ризици поврзани со неговото спроведување, проектот Јадар не е оправдан и треба да се сопре“, гласи заклучокот на Зоран Дракулиќ, основачот на Поинт групата со искуство во рударството, Бошко Мијатовиќ, основачот на Центарот за либерално-демократски студии, Дејан Шошкиќ, професор на економскиот факултет и поранешен гувернер на Народната банка на Србија, и Даница Поповиќ, професорка на Економскиот факултет во Белград во пензија, пренесува Н1.

Авторите на анализата велат дека економските ефекти на проектот Јадар се крајно неизвесни, додека во најповолното сценарио се рамни на нула.

Професорката Даница Поповиќ за Н1 оцени дека претседателот на Србија Александар Вучиќ во моментов има две задачи.

„Едната е Рио Тинто, да го обезбеди она што им е потребно на ЕУ и на Германците, а тоа е да имаат литиум во Европа и да направат драстичен отскок од кинескиот литиум и од кинескиот пазар. Ние сме тука како некаква нивна заштита. Втората задача на Вучиќ е да го предаде Косово. И мислам дека целата оваа бука намерно се крева на ова ниво за да не се зборува за Косово“, оцени професорката.

Кога станува збор за финансиските параметри, како што кажа, целта е во мноштвото податоци нештата помалку јасно да се гледаат, како и дека со студијата која ја направиле сакале да покажат дека по жител на Србија годишната заработка од ископувањето литиум би била 2,6 евра.

До тој податок дошле, како што вели професорката, така што на сајтот на Рио Тинто нашле студија на Ерго институтот која според неа е прилично непознат.

„Ние ги земавме официјалните податоци на Рио Тинто. Значи броевите со кои ние оперираме се броевите и на студиите на Рио Тинто. Тие кажуваат дека ќе се оствари една милијарда годишно и дека од тоа 695 милиони ќе биде годишниот приход. Значи 695 милијарди за 40 години“, истакна таа.

На прашањето која е логиката на Србија ако „губи“ со рударењето литиум, професорката истакна:

„Не е тоа нашата логика, тоа е логиката на Европската Унија и на Германија. Беше господинот (германскиот канцелар Олаф) Шолц да ни објасни како ние тоа треба да го направиме. Тоа почна поради политичката потреба на Европа да ѝ се спротивстави на Кина. Тие не знаат што ќе прават со Кина и кинескиот литиум и со кинеските електрични автомобили. Америка стави 100 отсто царина на кинеските електрични автомобили. Европа околу 50 отсто. Тие се очајни, не знаат што да прават. Едно од нештата што можат да го направат е да почнат сопствено производство во земјата. Тоа е како во социјализмот, кога ние се обидувавме да замениме сè. Сега тоа го прави Европа и создава сопствен литиум“, објасни Поповиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ