„Согласно промената на доктрината на војската на Србија, ние мораме да бидеме посилни од значителен дел од нашите соседи заедно“, истакна Вучиќ.
Истакнувајќи дека војската „силно, брзо, ефикасно и сериозно се вооружува“, Вучиќ кажа дека тоа ќе продолжи за „да не се повторат ни 1995 ни 1999, ни многу други години“, алудирајќи на акцијата за протерување на Србите од Хрватска Олуја и НАТО бомбардирањето на Србија.
„Ние никого нема да напаѓаме, но да не му падне некому на памет повторно да изврши агресија на нашата земја“, порача српскиот претседател.