недела, 16 март 2025

Вучиќ до наставниците: Во јануари сите добивте полни плати, во февруари колку што сте работеле

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека сите наставници во јануари добиле полни плати, но дека во февруари ќе добијат толку колку што работеле, пренесуваат медиумите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е ужасна состојба бидејќи нашите ученици мора да продолжат да учат. Во јануари добивте полни плати, а за февруари ќе биде исплатено онолку колку што сте работеле. А како децата ќе го продолжат училиштето, ќе работите ли со нив во јуни, јули, август? Нивната работа е да ги учат децата, а што тие деца ќе знаат, не е поентата да им заклучите петка“, кажа Вучиќ.

Тој порача дека се надева дека наскоро ќе престанат блокадите кои им нанесуваат штета на граѓаните и ја нагризуваат економијата. Поради блокадите, според Вучиќ, јануари бил економски најлошиот месец.

„Кој ќе плаќа патарина во нашата земја ако знае дека ќе го сопрат?“, кажа Вучиќ и додаде дека сега сите ја избегнуваат Србија и бегаат од неа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ