понеделник, 4 ноември 2024

Вучевиќ: Веруваме во заедничката европска судбина на целиот регион

Претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ на денешната официјална посета во Скопје, истакна дека клучна тема за неговата влада била изградбата на интерконекторот и нов пат за снабдување со природен гас на неговата држава преку  Македонија, односно кон Грција. и се надева дека наредната заедничка владина седница ќе се одржи наскоро во Ниш.

Објавено на

часот

Сподели

„Клучна теми, многу значајна за нас, за Република Србија е, изградбата на интерконекторот и нов пат за снабдување со природен гас на нашата држава преку Северна Македонија, односно кон Грција. Од Грција спрема  Македонија и Република Србија. Се разбира претседателот на Владата на  Македонија вели да се гради и нафтовод на истата  траса, за што ние сакаме ќе разговараме и ќе развиеме темелни разговори во времето што доаѓа. Разговаравме и за други искуства и сето она што се случува во регионот, чии фактори се и нашите држава, нашите земји. Сè повеќе трошат енергија, тоа е голем предизвик. Како можеме до постигнеме декарбонизација, што влијае на животната средина, во исто време да не ги загрозиме енергетската и политичката стабилност. Тоа е тема којашто секако ќе биде доминантна во разговорите не само меѓу  Македонија и Србија, туку меѓу сите земји од нашиот регион, што го квалификуваат како Западен Балкан”, рече Вучевиќ..

Тој истакна дека неговата влада силно го поддржува заедничкиот пат, односно дека Република Србија верува во заедничка европска иднина на целиот регион.

„Даваме целосна поддршка на Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Сметаме дека Европската Унија мораше од поодамна да ѝ даде можност на  Македонија за нејзиниот напредок кон Европската Унија. Тоа јавно сакаме да го кажеме и веруваме во заедничката европска судбина и приказна за целиот регион. Мислам дека на тој начин ќе се релаксираат меѓусебните односи. Не говорам за односите помеѓу Македонија и Србија  туку за целиот регион.   Овој регион на Западен Балкан заслужува шанса и поддршка од целата Европска Унија. Верувам тоа време кое ќе се отвори за нас. За Србија е многу важно  да ја  слушнеме стратешката одлука на Скопје, на Северна Македонија за Коридорот 10. Пред сѐ зборуваме за железничкиот сообраќај, т.е. определувањето на Скопје, Владата на Северна Македонија да го види Коридорот 10 како стратешки правец за железничка инфраструктура, за желенички транспорт . Тоа е единствена прилика заедно со европските партнери- зборуваме и за Австрија, за Унгарија, за Грција – да се поврземе меѓу Виена- Будимпешта, Белград-Скопје, Софија- Атина. Сето тоа во моментов може само да се сонува, а мислам дека ќе ја поврземе и Средна Европа со Медитеранот, со Егејското Море, односно со грчките пристаништа, а Грција ќе ја доближиме преку нашите држави до Централната Европа”,  кажа српскиот премиер Вучевиќ.

Тој на аедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христија Мицкоски говереше за надграба на проектот со граничните премини, односно за проектот „Сингл виндоу“ (Единствен прозорец),

„Можам да кажам во име на Владата на Република Србија, дека разговаравме околу граничните премини, односно да можеме да видиме надградба со нешто како што е проектот ‘Сингл виндоу’ – и во карго сообраќајот и во редовниот цивилен  сообраќај со што помалку задржување, со само едно запирање, само еден преглед на лични карти, документи и пасоши. Да не се губи многу време, камионите да не стојат по цел ден и со часови да чекаат да ги завршат царинските процедури. Така губат сите стопанственици, државите, луѓето… Тоа  ги оптоварува и странските инвеститори кои сакаат да инвестираат во Србија и во Северна Македонија . Затоа треба да работиме и апсолутно да се релаксираме од сите тие административни бариери и да не веруваме на некои бирократски пречки, туку да ги решиме тие проблеми, а тоа го чекаат и нашите граѓани”, порача Вучевиќ, откривајќи дека  се радува на заедничката седница на македонската и на српската влада, што би се одржала во Ниш, по можност до крајот на годинава., со што би се интензивирал ритамот на билатералните односи.

Вучевиќ во покани македонскиот премиер Христијан Мицкоски во официјална посета на Србија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ