Овие средства, како што изјави Мицкоски, ќе бидат оперативни од следната година и ќе бидат наменети за раздолжување за еврообврзницата земена од претходната влада.
„Овие средства се потребни затоа што на 25 јануари истекува еврообврзницата земена во 2018 година од претходната влада. Со тоа ќе се раздолжиме т.е. која и да било идна влада ќе нема обврска да исплаќа еврообврзница“, рече Мицкоски во вечерашната отворена дебата на Македонската радио телевизија.
Средствата од првиот дел од кредитот во износ исто така од пола милијарда евра се наменети за компаниите и за локалните самоуправи.