среда, 16 октомври 2024

Врховниот суд во Мичиген одлучи дека Кенеди Џуниор ќе остане кандидат на изборите во државата

Врховниот суд во Мичиген денеска пресуди дека Роберт Кенеди Џуниор ќе остане кандидат на претседателските избори во државата за изборите на 5 ноември, и покрај неговата одлука да се повлече, што претставува потенцијален удар за републиканецот Доналд Трамп, пренесе Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

Кенеди Џуниор се откажа како независен кандидат во претседателската трка минатиот месец и го поддржа републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп, кој се бори против демократската претседателска кандидатка Камала Харис.

Кенеди се обиде да го отстрани своето име од гласачките ливчиња во политичките држави како Мичиген и Аризона за да не ја наруши трката.

Како што пренесува Ројтерс, неговото учество на изборите во Мичиген може да му наштети на Трамп во таа политички поделена држава.

Одлуката на државниот Врховен суд ја поништи претходната одлука на државниот Апелационен суд, кој дозволи името на Кенеди да се повлече од гласачкото ливче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ