Пресудата е најновиот обид на Мадуро да ги смири протестите и западните критики кои избија по спорното гласање на 28 јули на кои социјалистичкиот лидер доби трет шестгодишен мандат.
Врховниот суд е составен од поддржувачи на Мадуро и речиси никогаш не пресудил против власта.
Одлуката беше објавена синоќа на настан на кој присуствуваа високи функционери и странски дипломати, а следеше како договор на барањето на Мадуро да се преиспита вкупниот број гласови за кој тврдеше дека бил лажиран со странски сајбер напад организиран од хакери од Македонија.
Главната опозициска и прозападна партија го обвинува Мадуро дека се обидува да ги украде изборите.
Пресудата на највисокиот суд со кој се потврдуваат резултатите е во спротивност со наодите на експерти на Обединетите нации, кои тврдат дека резултатите објавени од властите се лажни.
Експертите забележале дека властите не објавиле преглед на резултатите за секое од 30.000 гласачки места низ земјата, како што тоа го правеле на сите претходни избори.
Западните земји, на чело со САД, како и неколку јужноамерикански влади ја повикаа венецуелската власт да објави целосен преглед на резултатите.