среда, 9 октомври 2024

Врховниот суд на САД одлучува дали на Трамп да му забрани кандидирање на изборите

Деветте судии на американскиот Врховен суд ќе се обидат денес да одговорат на прашањето дали може Доналд Трамп да биде гласан по упадот во Капитол, на помалку од девет месеци пред претседателските избори во Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот претседател, фаворитот на републиканските предизбори, бара поништување на одлуката од декември која ја донесе суд во Колорадо, во која се бара отстранување на неговото име од гласачките ливчиња во таа сојузна држава.

Од дваесет држави во кои се поднесени жалби за кандидатурата на Трамп, на само две тоа им успеа, на Колорадо и на Мејн. Неколку држави чекаат Врховниот суд да ја донесе конечната одлука.

Адвокатите на Трамп одлуката на Колорадо ја нарекуваат „аномалија“ и го повикуваат Врховниот суд да ја поништи „за да се заштитат правата на десетици милиони Американци кои сакаат да гласаат за Трамп за претседател“.

Повеќето свои аргументи ги засноваат на тврдењето дека ситуацијата од 6 февруари 2021 не потпаѓа под 14 амандман на уставот. Тој амандман, усвоен во 1868 по граѓанската војна, го исклучува од највисоките јавни функции секого кој учествувал во „бунт“, откако дал заклетва дека ќе го брани уставот. Судот во Колорадо смета дека постапките на Трамп на 6 јануари 2021 потпаѓаат токму под 14 амандман.

На тој ден стотици поддржувачи на претседателот во заминување упаднаа во американски Капитол за да се обидат да го спречат потврдувањето на неговиот противкандидат Џо Бајден. Адвокатите на Трамп тврдат дека инцидентот на 6 јануари не претставува бунт и дека нивниот клиент не бил вмешан во случувањата.

Природата на случајот која е без преседан комплицира какви било предвидувања, но многу експерти сметаат дека деветте судии ќе се обидат да најдат дупка за името на Трамп да остане на гласачките ливчиња, без притоа да навлегуваат во квалификација на неговите постапки за време на упадот во Капитол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ