„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, при донесување на својата одлука со која утврдил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на именуваното лице, не дал образложени причини од кои се раководел кога прифатил дека постапката започната согласно член 75 став 1 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, како скратена постапка да се води како редовна постапка согласно член 68 во врска со член 51 од истиот закон“, велат од Врховниот суд.
Споед Судот, ваквото постапување и донесување на одлука на Кривичниот суд е нејасно и неразбирливо, без дадени релевантни причини од кои советот се раководел при донесување на својата одлука.
„При повторното постапување, првостепениот суд е должен да ги има во предвид наведените укажувања, како и одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и Европската конвенција за екстрадиција со првиот и вториот Дополнителен протокол во врска со Законот за ратификација на третиот Дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција, па врз основа на истите со правилна примена на одредбите да донесе правилна и законита одлука.“, се наведува во образложението на решението на Врховниот суд.