недела, 13 октомври 2024

Врховниот суд го отфрли случајот за дисквалификација на Трамп од изборите следната година

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави го отфрли случајот во кој се бара дисквалификација на Доналд Трамп од претседателските избори следната година врз основа на уставната одредба со која се забранува вршење јавна функција на секого кој „учествувал во бунт“.

Објавено на

часот

Сподели

Судиите ја одбија жалбата на даночниот консултант од Тексас, Џон Ентони Кастро, кој побара во рамки на 14-от амандман на уставот на САД Трамп да се дисквалификува како кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија, пренесува Ројтерс.

Кастро во тужбата навел дека Трамп со своето постапување за време на немирите и влегувањето во Капитол на 6 јануари 2021 година учествувал во бунтот со своите поддржувачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ