Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми на денешната општа седница истакнала дека значењето на Врховниот суд од уставен и законски аспект, како и значењето на прашањата кои се разгледуваат пред општата седница од правен аспект, а воедно се од интерес за граѓаните, ја наметнуваат потребата од јавност.
Од Врховниот суд инфромираат дека Адеми образложила предложените измени да се засноваат на уставните и законските начела за јавност на судството, највисоките меѓународни правни норми интегрирани во домашното законодавство, принципите на Европската конвенција за заштита на човековите права и стандардите на Европскиот суд за човековите права, европските стандарди и меѓународните документи од областа на судството и заложбите и активностите на Советот за отворено судство.