среда, 9 октомври 2024

Вреди подготвува нов закон за вработување по етничка припадност

Коалицијата Вреди, работи на решавање на вработувањата по етничка припадност за решавање на проблемот со правичната застапеност на Албанците во институциите, откако Уставниот суд вчера на седница времено го стопираше користењето на таканаречениот балансер, информираа од коалицијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Вреди ќе го реши овој проблем со нов закон на кој веќе се работи. Да потсетиме дека принципот на рамноправна и правична застапеност е гарантиран со Уставот и тој не може да биде оспорен и поништен дури ни од страна на Уставниот суд. Дополнително, во десетици и десетици, можеби и стотици материјални закони за функционирањето и работата на поединечни институции гарантирана е застапеноста на Албанците. Одлуката нема да смени ништо за правата на Албанците, ама ја покажува лошата намера на оние кои ги избраа овие судии во Уставниот суд“, велат од коалицијата Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ