вторник, 15 октомври 2024

Вреди: Крај на манипулациите со балансерот, ќе донесеме нов закон за правична застапеност

Наместо балансер ќе воведеме нов закон за правична и адекватна застапеност, кој ќе гарантира целосна еднаквост за сите етнички заедници, нудејќи владеење базирано на меритократија и правдина, велат од коалицијата Вреди и додаваат дека на тој начин остануваат посветени правата на Албанците и на сите други етнички заедници да бидат загарантирани. Вреди преку соооштение наведува дека прогласува крај на долгата епоха на злоупотреба и политичка манипулација, која во текот на 22 години, како што е наведено, ДУИ ја користеше за да ја задржи власта.

Објавено на

часот

Сподели

ДУИ преку измами и пропаганда, создаде изобличена систематска структура која ги повреди интересите на Албанците и го спречи нивниот напредок. Време е за длабоки промени, за правдина и правично претставување.

„ДУИ, со долга историја на корупција, ги злоупотреби државните институции за манипулирање со албанските граѓани. Третирајќи ги Албанците како ‘гласачи’, а не како граѓани кои заслужуваат достоинство и еднакви можности, оваа партија го попречи професионалниот развој на Албанците во јавната администрација. Покрај тоа, многу Албанци останаа во позиции без дефиниран работен статус, и покрај  ветувањата дадени низ годините. Овие политики доведоа до губење на надежта и масовно иселување на нашата младост“, пишува во соопштението и се додава дека затоа наместо балансерот Вреди ќе воведе нов Закон за правично и адекватно
застапеност.

Крајот на политиките на злоупотреба е неизбежен, и ние сме подготвени да
изградиме нов систем, каде граѓаните ќе имаат достоинство и надеж за
иднината, се вели во соопштението на Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ