среда, 23 октомври 2024

Вреди ќе формира Албанска академија на науките и уметностите

Претставници и лидери на партиите кои ја сочинуваат коалицијата Вреди денеска имаа средба со Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово од каде најавија дека општините ќе го финансираат ова здружение, а најавија и активности со цел да се оформи академијата како јавна установа.

Објавено на

часот

Сподели

„На почеток оваа академија ќе биде поддржана од општините. Во меѓувреме сè додека не најдеме законско решение таа да функционира во согласно со законот и поддржана финансиски од буџетот,  односно од јавните пари. Ова е еден чекор за да покажеме дека Албанците како важен дел на оваа држава можат да придонесат и во науката, може да придонесат и во уметноста и во сите области на ова општество затоа што цениме дека како втор поголемина народ во државата имаме интелектуални капацитети за да основаме академија која ќе придонесе во сите овие области за кои ќе биде основана“, изјави Биљал Касами, претседател на Движењето Беса во име на коалицијата Вреди.

Зеќир Кадриу, секретар на Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово рече дека оваа е нивна втора средба со коалицијата Вреди која донела конкретни решенија.

„Ние се чувствуваме многу горди што првиот чекор беше порано, а сега е и втор пат. По основање на Владата веќе почнуваме да го реализираме тоа што е предвидено што е ставено во програма. Во почетокот сите општини што се во расположение да помогнат, ќе помогнат за основање на оваа Академија, а понатаму, кога ќе се донесе закон тој закон ќе биде правосилен и ќе може понатаму да авансираме академија, што навистина мислам дека Албанците заслужуваат“, истакна Кадриу.

Здружението бара да добие јавен простор и јавни финансии за научно – истражувачка работа во сферата на албанологијата, културата и посебностите на Албанците.

„Академијата ќе се фокусира исклучиво на науката, уметноста, избегнувајќи вклучување во политиката. Нашата цел е да создадеме средина каде што науката и уметностите ќе можат да напредуваат независно и професионално.
Силно веруваме дека Академијата на Албанците за наука и уметност ќе послужи како референтна точка за сите оние кои се стремат да напредуваат на овие полиња и да помогнат во изградбата на посветла иднина за сите граѓани. Академиците се богатството на нашата држава и време е да преминеме од зборови на конкретни дела. Заедно, можеме да го надминеме секој предизвик и да изградиме посветла иднина за сите нас. Ајде да одиме во акција“, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Тетово и лидер на Беса, Биљал Касами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ