вторник, 8 октомври 2024

Вреди: Фирмата „Ритрон“ добивала тендери од Државна лотарија, од Општина Липково, од болницата во Куманово…

Кумановската фирма Ритрон копи ДОЕЛ, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири, добивала тендери и од Општина Липково, од средното училиште „Исмет Јашари“ во Липково, од гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово и ЈЗУ Здравствен Дом – Куманово. За овие четири тендери Ритрон набавила компјутери вредни еден милион денари, изјави денеска Бујаре Абази од Коалицијата Вреди .

Објавено на

часот

Сподели

Абази веќе објави дека фамилијарно поврзаната фирма со пратеникот на ДУИ Елми Азири добила тендери од Министерството за политички систем и односи со заедниците, во времето на главниот логистичар на ДУИ, Артан Груби.
„Овие информации јасно покажуваат дека без разлика дали се работи за набавки од помала или поголема вредност, без амин на ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту денар.
Очигледно е дека ДУИ владеел како мафијашка структура која не се воздржувала да ги злоупотребува народните пари за остварување политичко влијание.
Во мрежата на ДУИ се фаќале сите политичари кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење.
Затоа, го охрабруваме раководството на опозицискиот Европски Фронт, добро да му објасни на своето членство зошто клучните поранешни функционери на Али Ахмети и Зиадин Села се под сомневање за политичка корупција“, изјави денеска Абази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ