понеделник, 14 октомври 2024

Вреди: Елми Азири призна што се случувало во собраниската канцеларија 161

„Елми Азири, пратеник од таканаречениот Европски фронт, во телевизиска изјава јавно призна дека учествувал на состанокот одржан во собраниска канцеларијата 161!“,соопштуваат од коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Со оваа, пратеникот Азири го призна тоа што коалицијата Вреди го зборува во контуинитет: Состанокот помеѓу ВМРО и ДУИ заедно со нејзините сателити се случил на барање на Али Ахмети пред основањето на Владата. Средбата е одржана во Собрание во канцеларијата 161. На тој фамозен состанок присуствувале Блерим Беџети, Елми Азири и Мендух Тачи.

Оваа „европска“ тројка коленичела пред претставниците на ВМРО со цел да издејствуваат да станат дел од Владата наместо Вреди со само четири министри и без претседател на Собрание. Дури, нуделе на локалните избори да сработат ВМРО да добие Македонци за Градоначалници на Кичево и Струга и да направат список на поранешни функционери на ДУИ кои Ахмети бил подготвен да ги жртвува само за да ги спаси своите внуци.

Со оваа јавно признавање, паднаа сите маски. Се потврди дека „Европскиот фронт” за да ги спаси своите поранешни функционери од кривична одговорност за сторена политичка корупција нема дно кое може да го пробие“, соопштуваат од коалицијата Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ