Настрана од болестите, паранојата и конфликтите, култната група на електронска музика од Манчестер повторно се собра и уште посилна се враќа на сцената за да додаде ново поглавие во својата голема сага. Вака, влијателното музичко списание „Мојо” на насловната страница го најави враќањето на „Њу ордер”.