среда, 11 декември 2024

Вработувањата во државните институции не се атрактивни за младите, тврди премиерот Мицкоски

Законите треба да се почитуваат, вклучително и Законот за јазиците, а за непочитувањето на овој закон во делот на веб страниците и соопштенијата од министерствата, смета дека треба да се зголемат капацитетите затоа што во минатото продукцијата на вести била 10 пати помала од сега, изјави премиерот Христијан Мицкоски велејќи дека вработувањето во јавната администрација не е атрактивно за младите.

Објавено на

часот

Сподели

Вели дека нема интерес за вработување во државните институции поради висината на платата и дека тоа е сериозен проблем.

„За жал, нема интерес за таа плата што е во моментот и овде во Владата и во институциите. Тоа претставува сериозен проблем и не е атрактивно за младите, но ќе продолжиме да бараме се додека не го испорачаме тоа што им е потребно на граѓаните без разлика на етничката припадност, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци… Се надеваме дека наскоро ќе се доекипираме и дека се ќе биде како што треба да биде“, рече Мицкоски.

– Мицкоски смета дека треба да се зголемат капацитетите затоа што во минатото продукцијата на вести и активности била 10 пати помала од денеска и можеби било полесно да се работи и да се испорачува нешто кое што е во согласност со Законот за употреба на јазиците.

„Законот мора да се почитува, но треба да се зголемат капацитетите и во фаза сме на вработување на луѓе кои 10 пати поголемата активност на министерствата апсолутно ќе ја испорачуваат до медиумите“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешното потпишување на два договори за државна помош со компанијата „Бреинчајлд“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ