четврток, 12 декември 2024

Вработените на Триглав осигурување го пошумуваа регионот на Кокино

Вработените на Триглав осигурување во понеделникот вчера беа дел од волонтерската акција за пошумување, во опожарените предели на регионот Кокино, едно од најзначајните македонски природни и културни богатства.

Објавено на

часот

Сподели

Волонтерите од Триглав осигурување, извидници од проектот Боренка и претставници на ЈП Национални шуми заеднички посадија безмалку 2.000 садници, симболизирајќи надеж, обнова и заложба за подобра иднина.

Проектот Боренка, кој што започна во 2022-ра година, како одговор на катастрофалните пожари што ја погодија земјата, е инспирација за зазеленување на опустошените предели преку волонтерски ангажман и соработка со локалната заедница и општествено одговорните компании. Во досегашните акции, Боренка успеа да засади повеќе од 55.000 садници, пошумувајќи при тоа над 14 хектари опожарени површини со помош на над 2000 волонтери и да организира преку 80 едукативни работилници за ученици од целата земја”, изјави генералниот секретар на Сојузот на извидници на Македонија, Снежана Јанковиќ.

Покрај директната поддршка во пошумувањето, Триглав овозможи и организација на четири едукативни работилници за деца, на тема заштита од шумски пожари.

„Горди сме што сме дел од вакви акции, кои што носат вистински промени и оставаат трајна вредност за природата и за заедницата, но и за нас како тим. Оваа акција во Кокино не е само еколошка заложба, туку и израз на заедништво, љубов кон природата и грижа за идните генерации,“ изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Триглав осигурување останува посветен на својата мисија за општествена одговорност и одржливост, со надеж дека ваквите иницијативи ќе инспирираат и други компании, организации и граѓани да се приклучат кон градење позелена, поодржлива и посигурна иднина за сите нас.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ