Како што денеска соопштија од Управата за финансиска полиција, пријавениот во својство на раководно службено лице во Општина Радовиш, на крајот на 2023 година, наместо поради неизвршување на работите по склучен договор за изведба на фекална канализација да ја активира банкарската гаранција на фирмата изведувач за квалитетно и навремено извршување на работите, тој постапил спротивно на законот со што го оштетил Буџетот на Општина Радовиш во износ од 107.994 денари.
„Со непреземање на соодветни дејствија согласно Законот, му овозможил на правното лице изведувач да се стекне со корист во износ од 2.051.023 денари. Притоа, истиот овозможил истото правно лице да склучи нов договор со Општина Радовиш за изведба на фекална канализација која што обврска ова правно лице не ја извршило согласно претходно склучениот договор“, се вели во соопштението.