СВР Охрид денеска соопшти дека во ОВР Струга било пријавено дека во 3 часот и 30 минути во селото Октиси, настанал пожар во куќа сопственост на М.М.
Од здобиените повреди во пожарот починал И.М. од истото село, татко на М.М., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информира портпаролот Стефан Димоски.
Пожарот го изгаснала екипа на Територијалнаата противпожарна единица од Струга, а увид извршиле полициски екипи.