Во двата случаи, како што информира МВР, сопрени се две патнички моторни возила (комби) „фолксфаген крафтер“ со струмички регистарски ознаки, првото сопственост на Р.Р. од Струмица, а управувано од страна на П.Љ. од Струмица, а второто сопственост на Р.Ј. од Струмица, а управувано од страна на Ч.Ѓ. од Струмица.
„Притоа, од извршените контроли на возилата утврдено е дека вршеле превоз на патници без лиценца од нашата држава до Италија, по што од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки е известен Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна на возачите им е изречена глоба во износ од по 500 евра, сообраќајните дозволи им се привремено одземени, а возилата биле исклучени од сообраќај“, соопшти МВР.