понеделник, 14 октомври 2024

Возач рушел светски рекорд – бил „ќор пијан“ со 4 промили алкохол во крвта

За време на акциска контрола на територијата на СВР Битола, сообраќаен полицаец не малку бил запрепастен кога еден возач битолчанец дувнал во апаратот дрегер, а на екранот се појавила бројката 4.03 промили алкохол. Народот има изрека – ќор пијан. Енигма може да биде како ќор пијан возел.

Објавено на

часот

Сподели

„На територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 упатени на технички преглед. При контрола кај возач од Битола констатирано било присуство на 4.03 промили алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ