„Вчера на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатната станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во врска со настанот, од слобода биле лишени возачот на товарното возило Р.П. и одговорното лице на правниот субјект П.М. (55) од скопско.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.