Бојан Миовски игра во страшна голгетерска форма и во само неколку дена ја тресеше мрежата на двата шкотски гиганти, прво погоди против Селтик во саботата, а вечерва и против Ренџерс.
Македонецот до овој момент има 20 погодоци зад своето име, но новиот тренер на Абердин, Нил Ворнок смета дека напаѓачот лесно ќе стигне и до 30 погодоци.
„Мило ми е што никој не го купи во зимскиот преоден рок“ – вели Ворнок во разговор со Скај Спортс.
„Абердин ќе заработи многу пари од продажбата на Миовски – ќе постигне 30 гола оваа сезона“.
„Му го кажав ова, му кажав дека лесно ќе постигне уште 10 погодоци бидејќи ќе креираме гол прилики за него. Со тек на време подобро ќе се познаваме, момците ќе знаат во кој правец се движиме и тој ќе има повеќе шанси“.
Нил Ворнок потоа и на средбата со новинарите повтори колку е импресиониран од Македонецот.
„Вчера му кажав, „Не сум видел напаѓач како тебе во Премиерлигата, а не па во Шкотска“. Мислам дека ќе постигне 30 погодоци оваа сезона“ – рече стратегот на прес конференцијата.
„Му кажав, „Мило ми е што преодниот рок е завршен, па ќе те имам на располагање“. Тој е супер“.
„Се работи за навистина добро момче со одличен пристап. Ретко се наоѓа напаѓач кој се утепува од работа, но тој токму тоа го прави“.
„Знае да игра повлечено и тоа ни дава опција да ставиме во игра уште еден напаѓач“.