понеделник, 7 октомври 2024

Ворнок: Миовски е најдобриот напаѓач кој сум го имал

Тренерот на Абердин, искусниот Нил Ворнок не штедеше пофални зборови за македонскиот напаѓач Бојан Миовски кој синоќа даде уште два гола.

Објавено на

часот

Сподели

Бојан Миовски продолжува да ги тресе противничките мрежи, вчера постигна два гола против Бонириг Роуз во Купот на Шкотска.

Па Македонецот одново доби многу пофалби од тренерот на Абердеин, Нил Ворнок.

„Задоволство е да се соработува со него, мислам дека ќе видиме уште многу од Миовски. Работи многу, ретки се таквите напаѓачи во модерниот фудбал, плус игра со насмевка на лицето“, вели Нил Ворнок.

„Пред натпреварот му реков, „Види, постигни два гола и ќе те извадам на полувреме. Или ако сакаш, ќе ти дадам уште 15 минути во второто полувреме за да стигнеш до хет-трик“. И тој постигна два гола! Си намигнавме кога ги постигна головите“.

„Едноставно е топ стрелец. Секогаш сум се мачел со напаѓачите во мојата кариера. Сум имал добри голмани, добри централни дефанзивци, добри фудбалери од средниот ред, но никогаш не сум имал квалитетен напаѓач“.

„Малку е иронично, но еве, сега на стари години, веројатно Миовски е најдобриот напаѓач кој сум го имал“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ