недела, 6 октомври 2024

Волстрит џурнал: САД бараат прекин на огнот, но ќе продолжат да му испраќаат оружје на Израел

Администрацијата на Бајден се подготвува да испрати бомби и друго оружје во Израел што би го дополнило израелскиот воен арсенал дури и додека САД се залагаат за прекин на огнот во Газа, објави вчера Волстрит џурнал, повикувајќи се на сегашни и поранешни американски функционери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Предложената испорака на оружје вклучува бомби МК-82 и заедничка муниција за директен напад КМУ-572, која на бомбите им додава прецизно наведување, и фитили за бомби ФМУ-139, објави Џурнал, додавајќи дека вредноста се проценува на „десетици милиони долари“.

Предложената испорака сè уште е под внатрешен преглед од администрацијата, се додава во извештајот, каде што се цитира американски официјален претставник што рекол дека деталите за предлогот би можеле да се променат пред администрацијата да ги извести лидерите на конгресниот комитет, кои би требало да ја одобрат испораката.

Од декември 2023 година, администрацијата на Бајден двапати ја прескокна конгресната ревизија за продажбата на оружје на Израел.

Администрацијата на Бајден се соочи со критики за продолжување на снабдувањето со оружје на Израел, бидејќи се зголемуваат наводите дека оружјето од САД било користено во нападите во кои загинаа и беа ранети цивили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ