Канцеларијата на Спона во Скопје го прослави своето полнолетство на крајот на минатата година. Во пресрет на отворањето на канцеларијата во Куманово, Спона организира концерт на Вокалната работилница „Бистрик“ – Биља Крстиќ.
Вокалната работилница на Биља Крстиќ – „Бистрик“ веќе 12 години успешно работи со млади талентирани пејачи. За работилницата Биља вели:
„Дизајнирана е уметнички да ја популаризира традиционалната музичка култура на Србија и да им даде можност на талентираните пејачи да се заљубат, да учат и да го пренесат своето знаење на идните генерации. Негуваме музика, традиција, добра атмосфера, дружење, емпатија и тимска работа со младите пејачи. Нашата работилница нуди богата концертна активност, гостувања на престижни натпревари и фестивали, учество во телевизиски емисии, музички спотови и е препознатлива по стилот, прецизната интерпретација како и специјално креираните костуми“.
Биља Крстиќ, музички педагог и долгогодишен вокален солист на оркестарот „Бистрик“, долги години беше уредник во Радио Белград, а на музичката сцена е од 70-тите години на 20 век, најпрвин во бендовите „Сунцокрет“ и „Рани мраз“, а подоцна и како некој кој успешно гради соло кариера. Многупати е наградувана за нејзината работа, а во биографијата на Биље Крстиќ е и музиката што ја компонираше за филмот „Зона Замфирова. Сега е актуелна со музиката од филмот „Хероите на Халиард“ во режија на Радош Бајиќ.