„Воениот рок ќе трае два месеци, почнува од 1 јануари 2025 и сè за што комунициравме со јавноста продолжуваме да го правиме. Ги зголемивме платите на војниците, подофицерите и офицерите, нивните материјални права, не само преку личниот доход туку и преку дневниците и сè на што имаат право“, кажа Анушиќ.
Хрватска во 2008 привремено го суспендираше задолжителното служење на воениот рок и од тогаш е доброволно.
Меѓутоа, по петокот на конфликтот во Украина и сè посериозната воено-политичка ситуација, како што се наведува, Хрватска почна да размислува за враќање на задолжителното служење на воениот рок.
На темата ребаланс на државниот буџет, Анушиќ објасни дека ги опремуваат и модернизираат оружените сили, ги формираат како што се очекува и како што е договорено со сојузниците во НАТО.
„Мислам дека сега ќе имаме многу подобра, посилна и поквалитетна слика на оружените сили отколку до сега. Со министерот за финансии разговаравме и дојдовме до заклучок дека во модернизацијата и опремувањето на оружените сили нема простор за штедење. Тоа е ставот на владата и политиката, бидејќи околностите во кои се наоѓаме не дозволуваат штедење на безбедноста“, заклучи Анушиќ, а пренесува Јутарњи лист.