Во соопштение, Трамп рече дека Хегсет е „силен, паметен и навистина верува во Америка“, нагласувајќи дека под негово водство американската војска ќе биде „повторно извонредна“ и никогаш нема да попушти, објави Гласот на Америка.
Трамп додаде дека Хегсет, како секретар за одбрана, ќе биде клучен за осигурување на безбедноста на земјата и испраќање јасна порака до американските непријатели.
Хегсет е ветеран на Националната гарда, со искуство стекнато во Авганистан, Ирак и Гвантанамо.
Иако служел војска до 2021 година, тој ја напуштил воената служба откако бил означен како екстремист и бил сметан за непожелен во воените редови.
Во својата книга, Хегсет истакна дека многу високи функционери во Пентагон треба да бидат сменети и дека следниот претседател мора да направи значителни промени за да се осигури дека американската војска е подобро подготвена да одговори на предизвиците.