недела, 13 октомври 2024

Во велешкиот театар вечерва премиера на „Нема струја за електричниот стол“

Објавено на

часот

Сподели

По претставата „Инферно“, ова е втора соработка на Пројковски со Велешкиот театар.

Покрај режисерот Пројковски, на претставата работеа и Сашо Димоски како драматург, Филип Коруновски како автор на сценскиот дизајн и плакатот за претставата и коавтор на видеодизајнот и анимациите заедно со Борче Конзулов. Музиката за претставата и нејзината изведба во живо е на Сашко Костов, а камерите во претставата се на Данчо Стефков и Александар Костов.

Главните улоги им се доверени на Васил Зафирчев, во улогата на осудениот на смрт и Исидор Јованоски во улогата на Леонард.

Александар Секулов е еден од најзначајните современи бугарски писатели, преведен на многу јазици во светот. Неговиот опус, остварен во драмата, прозата и поезијата, е закитен со најпрестижните бугарски награди.

„Нема струја за електричниот стол“ е пиеса која во 2016 година ја добила престижната награда за современа бугарска драматургија, „Аскер“.

Дејан Пројковски е еден од најзначајните театарски режисери во регионот. Во неговото портфолио се запишани голем број наслови од историјата на светската драма и книжевност, реализирани во најзиначајните театарски куќи, закитени со најважните театарски награди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ