среда, 9 октомври 2024

Во Ужице се снима филмот „Соучесници“ во српско – хрватско – македонска копродукција

На повеќе локации во Ужице, Србија, започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ. Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ.

Една од улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска. Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и постпродукцијата на филмот.

Главен продуцент е српската продуцентска куќа „Зилион филм“ на Лазар Ристовски, а
копродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа „Интерфилм“ од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку „Партизанс“.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ