вторник, 15 октомври 2024

Во Украина претреси во повеќе од 200 воени центри поради корупција

Објавено на

часот

Сподели

„Агенциите за спроведување на законот открија големи корупциски шеми во речиси сите региони на земјата… Во моментов се вршат повеќе од 200 истовремени претреси“, соопшти обвинителството на Телеграм.

Инспекторите се сомневаат во „вклученост на службеници од воените канцеларии и оние кои се одговорни за медицинските прегледи и социјални услуги“, се додава во соопштението.

Според истрагата, во замена за поткуп, „функционерите ѝм помагале на граѓаните да добијат бенефиции за инвалидитет или да бидат препознаени како привремено неподобни за воена служба“. Тоа ѝм овозможило да го одложат или избегнат воениот рок“, изјави обвинителството.

На почетокот на август, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отпушти сите регионални функционери одговорни за регрутирање на армијата, конкретно наведувајќи го системот што дозволуваше регрути да се шверцуваат „преку границата“.

Во текот на 18-те месеци од руската инвазија на земјата, украинската армија, која исто така е ангажирана во тешката контраофанзива на југот и на истокот на земјата од почетокот на јуни, не соопштува колку војници загинале или се ранети.

Борбата против корупцијата, ендемското зло во Украина, која веќе беше една од најсиромашните земји во Европа пред руската инвазија, е еден од условите поставени од Европската унија за кандидатскиот статус на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ