„Оваа одлука доаѓа по направените анализи и резултати кои се добиени од станицата за мерење на квалитетот на воздухот и врз основа на ова констатирано е дека нема ризик за учениците и граѓаните. Така, образовниот процес во основните и средните училишта во градот, како и во јавната установа ‘Градинки младост’ се враќа во нормала“, се наведува во соопштението.
Општината апелира до сите вработени во образовните институции утре да продолжат нормално со наставата бидејќи до крајот на учебната година остануваат уште десетина дена.