Русија прецизираше дека 12 беспилотни летала биле соборени над регионот Курск и по еден над Воронеж и Белгород, но не е познато колку украински летала биле лансирани.
Во цела Украина е прогласена воздушна тревога во 7:20 часот по локално време, додека украинските воздухопловни сили објавија дека Русите истрелале 38 нападни беспилотни летала и две балистички ракети Искандер-М. Од нив соборени се 30 дронови, но не се знае што се случило со останатите.