понеделник, 7 октомври 2024

Во Струга одбележани две години од смртта на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон

Објавено на

часот

Сподели

Настанот се одржа во Паркот на поезијата во Струга, во организација на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ и Амбасaдата на Кралството Шпанија.

Покрај директорот Тодорче Тасевски, присуствуваа и заменик амбасадорот на Шпанија Ернесто Хередеро дел Кампо, како и сопругата на лауреатот, Клементина Филипова де Хорхе Падрон и нивната ќерка Лара де Хорхе Филипова.

Падрон, според професорот Иван Џепароски, еден од најзначајните поети од втората половина на 20 век.

„Еден од најпреведуваните поети на Шпланија. преведен на над 50 јазици во светот во околу 100-тина земји. Автор, кој и во Шпанија, но и во светот има значајно место. Ако се знае дека „Златниот венец“ на СВП е некаков поетски еквивалент на Нобеловата награда во контекст на поезијата и фактот дека добитници на Златниот венец се голем број нобелвци, говори за значењето на поетското творештво на Падрон“, рече Џепароски.

За директорот на фестивалот, Тасевски, Падрон е голем поет и голем човек што со своето дело остварил силна врска меѓу македонската и шпанската литература и култура. На беседата, која се одржа покрај дрвото, кое Падрон, како лауреат го засадил во 1990 година, тој забележа дека Струга е редок град, со Парк на поезијата.

„Ретки се земјите и градовите со фестивали од ваков формат, кои како добитници ги имаат најпознатите поети од втората половина на 20-тиот век и првите декади на 21. век. Струга е можеби единствен град, кој има Парк на поезијата, каде сите лауреати своето присуство го означиле со засадување дрво, кое и по нивното физичко заминување сведочи за нивниот дух“, истакна Тасевски.

За заменик амбасадорот Ернесто Хередеро дел Кампо, Падрон е не само голем поет, туку бил и силна врска меѓу Македонија и Шпанија.Тој беше лик, кој го промовираше македонскиот идентитет и култура, истакна амбасадорот на Шпанија.

Сопругата на Падрон, која е Македонка, а се запознале токму на фестивалот Струшки вечери на поезијата, изрази голема благодарност за реализацијата на омажот посветен на нејзиниот сопруг, за кој нагласи дека бил вљубен во земјава.

„Мојот сопруг кој беше вљубен во Македонија и направи многу нешта за да може да се дознае и надвор од границите, особено на шпанското јазично подрачје за македонската литература, култура и традиција воопшто. Се собравме тука, во Струга, светската метропола на поезиjата, да изразиме почит кон овој голем пријател на Македонија, кој беше влубен во нејзината историjа, традиција, природа, а особено во нејзината поезиjа“, истакна Филипова де Хорхе Падрон.

Хусто Хорхе Падрон бил голем пријател на Струшките вечери на поезијата. Роден е на 1 октомври 1943 година, а почина на 11 април, 2021 година. Ја подготвил Антологијата на македонската поезија на шпански јазик, кон крајот на 80-тите години од минатиот век. Во своето творештво има многу песни посветени на Охрид, Струга и Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ